Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во светот денес се скенираат преку 6 милијарди бар кодови. Над 1 милион компании низ светот ги користат GS1 стандардите во нивното спроведување на бизнис и задоволување на корисничките очекувања. Ова значи дека доколку бар кодовите не можат да бидат соодветно декодирани, тоа ќе ја чини компанијата време и пари. Денес, точно генерираните GS1 бар кодови се највиталниот дел од дистрибутивниот синџир, бидејќи со нивно скенирање се пренесуваат брзи и точни информации.
За крајниот корисник правилно изработениот бар код е дополнителна потврда дека производите кои ги купуваат, а се означени со GS1 бар кодови и ги почитуваат GS1 стандардите се правилно означени и безбедни за користење. Правилното означување со GS1 стандарди е единствениот начин да се подобри читливоста, точноста, ефикасноста, видливоста и следливоста во дистрибутивниот синџир.
Со верификацијата на бар кодовите се потврдува дали Вашиот GS1 бар код е коректно креиран и испечатен, со цел секој скенер да може да го прочита веднаш при првичното скенирање. Некои трговци на мало, големите оператори во секторите за хардверски производи, како и супермаркетите ќе ги прифатат само производите од добавувачите кои имаат aдекватни и квалитетни бар кодови на производи, верификувани од GS1.
На сите акредитирани членки, GS1 Македонија од 2013 година им нуди нова услуга - верификација на своите GS1 бар кодови.
Примарната функција на бар кодот е пренос на податоци од местото од каде што потекнува производот до местото каде што се користат податоците. Бар кодот е витална врска во комуникацискиот синџир во било која софтверска апликација. Ако бар кодот не е правилно изгенериран, тој не пренесува податоци и тогаш една од алките на синџирот се раскинува.
Бар кодот, кој што не може да се скенира може да предизвика повеќе проблеми кај трговските партнери, отколку производот воопшто да не е баркодиран. Верификацијата на бар кодовите е корисна алатка, како надополнување на процедурите за контрола на квалитетот, со кои се потврдува дека бар кодовите ќе бидат скенирани коректно низ дистрибутивниот синџир.
Со верификацијата се потврдува дали бар кодот ја исполнува својата функција, преку извршување на две главни задачи:
Верификацијата е задолжителна за сите нивоа на пакувања, вклучувајќи ги трговските единици, картоните, единиците за испорака, палетите, бидејќи сите овие трговски единици можат да се бележат со GS1 бар кодови.
Верификацијата ќе го одреди нивото на почитување на GS1 спецификациите од страна на бар кодот. На крај се добива извештај со детали за резултатите кои се добиле при тестирањето. Извештајот ги нагласува сите потенцијални проблеми и недостатоци во генерирањето на бар кодот.