Зошто ми е потребен GS1 GLN (Global Location Number) број?

GS1 GLN бројот е меѓународен уникатен број кој се користи за идентификација на вашата компанија, како деловен субјект, при електронската комуникација за испраќање и примање на деловни пораки како нарачка и фактура. GLN бројот се запишува во „заглавието“на секоја EDI порака со цел да го идентификува испраќачот и примачот. За да се обезбеди сигурна достава на овие пораки до точниот корисник од витално значење е овие броеви да бидат уникатни во глобални рамки.

 
Аплицирај за добивање GLN (Global Location Numbers) број

GS1 Македонија е единствена организација овлaстена од GS1 Глобалната канцеларија за доделување и управување со GS1 системот на стандарди на територијата на Република Македонија

Препораки за примена на GS1 стандардите

Бранко Азески

„Преку воведувањето на светските стандарди во означувањето на производите како што се GS1 стандардите, компаниите го јакнат сопствениот бренд и ја подобруваат конкурентноста. Всушност, лидерството на пазарот се докажува со примената на стандардите“


г-дин Бранко Азески - Претседател на Стопанската комора на Македонија

Симон Наумоски

„Само со воведувањето на нови стандарди, како GS1 стандардите може да се следат барањата на потрошувачите и да се успее на странските пазари. Јас лично како долгогодишен раководител на Витаминка, секогаш сум ги поддржувал напредните и развојни идеи.“


г-дин Симон Наумоски - Претседател на Управниот одбор на „Витаминка“ АД- Прилеп

Живко Мукаетов

„Основната поента е производот да се контролира од производството, дистрибуцијата, па до крајниот потрошувач. Тоа го овозможува GS1 системот на стандарди. Ние треба да имаме следливост во секое време да знаеме каде е нашиот производ, како делува на оние за кои е наменет и сето тоа на крај да придонесе за подигање на квалитетот на производите кои сите ние ги произведуваме “


г-дин Живко Мукаетов - Генерален директор/Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје

Аплицирај за добивање GLN (Global Location Numbers) број

Документи:

Висина на надоместокот за користење на GLN број во GS1 Македонија:

Капацитет на GLN броеви Надомест за GLN број
Без ДДВ
ДДВ 18% Вкупно
(2+3)
1 2 3 4
1,271 229 1,500
10 11,500 2,070 13,570
100 21,000 3,780 24,780
1,000 30,000 5,400 35,400
10,000 60,000 10,800 70,800
100,000 100,000 18,000 118,000