Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите GS1 Македонија (порано ЕАН МАК) е доброволна форма на организирање на заинтересираните субјекти од производните и непроизводните сектори во Република Македонија. GS1 Македонија е непрофитна и деловно неутрална асоцијација на македонските компании.
Основните цели на GS1 Македонија се воведување, примена и развој на единствениот меѓународен систем на стандарди (GS1 стандарди) за автоматска идентификација на производите и услугите, електронска размена на податоците и обезбедување на неутрална платформа за отворена соработка помеѓу сите деловни партнери и стопански субјекти.
GS1 Македонија е единствен овластен претставник на GS1 во Република Македонија и поседува сертификат за ексклузивни права да управува, обезбедува единственост и интегритет на GS1 системот на нејзината територија, и да доделува GS1 идентификациони броеви (Единствен Матичен GS1 број – GS1 ЕМБ) на македонските компании неопходно потребни во менаџментот на националниот и светскиот синџир на снабдувањето..
GS1 стандардите обезбедуваат јазик кој во бизнисот сите го разбираат од времето на скенирањето на првиот бар код пред повеќе од 40 години. Нашите стандарди се широко распространети ширум светот - од скенирање на производ во супер маркетите или купување на CD електронски до лоцирање на опрема доволно брзо во болниците за да се спаси живот. Дневно во светот имаме повеќе од 5 милијарди успешни скенирања на GS1 бар кодовите. Имаме повеќе од 2 милиони членки ширум светот на кои им едноставна размена на стоки, зголемена безбедност и одржливост на широк опсег на различни бизниси и корисници.
Нашите глобално признати отворени стандарди им помагаат на нашите членки во уникатна идентификација, зачувување и споделување на информациите, без разлика каде се наоѓаат во синџирот на вредности и без разлика на нивната големина. Како што земјата се променува во однос на технологијата и глобализацијата, така и ние ги развиваме нашите стандарди со цел да можат истите да им пружат поддршка на нашите членки како што тие се прошируваат и растат.
Погледнете го нашето видео за GS1 бар кодовите и стандардите за да видете како ние им помагаме на трговците, производителите, угостителите, здравството и останатите индустрии во подобрување на нивните услуги кои ги испорачуваат до своите потрошувачи.