еИнфo
No29 - јануари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Бенефитите на синхронизацијата на податоците во прехранбената индустрија

Извршен Директор

 

 

Драги наши почитувани членки, поддржувачи на GS1 системот, партнери, колеги, пријатели

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    И во Новата 2016 година продолжуваме да се дружиме со Вас и да Ве информираме за најдобрите деловни практики за примена на GS1 стандардите во различните области на Вашето работење и живеење,за трендовите во нивниот развој и напредок, иновациите, како и за актуелните настани и интересни случувања на глобално, регионално и национално ниво.

    Посакувам во Новата 2016 година сите заедно да се отргнеме од просечноста и да бидеме поинакви, подобри и покреативни, да се стремиме кон врвни резултати, производи и услуги. Тоа е единствената гаранција за нашата егзистенција, но и за мотивацијата и за успехот. Се надевам дека 2016 година ќе биде уште поуспешна од претходната, но многу поважно е успехот да биде заеднички!

    GS1 Македонија преку е-ИНФО-то во континуитет сервира свежи информации кои се од големо значење за сите читатели. Toa е така бидејќи секоја информација претставува сигнал или индикација, нова можност, укажување на потребата за промени или констатира одредени состојби во секторот или пазарот. Во денешното турбулентно време, кога секојдневно се менуваат потрошувачките навики и каналите на дистрибуција, еволуира и начинот на планирање на стратегиите на водење бизнис. Нашиот весник е расадник на нови идеи, промени, информатор за светските трендови, мотиватор и инспирација, генератор и тригер за зголемување на конкурентноста кај македонските компании.

    Голема промена во начинот на кој компаниите ги споделуваат информациите за своите прехранбени продукти ќе се случи во мај оваа година. GS1 Глобалната мрежа за синхронизирање на податоци (GS1 GDSN) ќе биде преструктурирана и рационализирана за да биде во чекор со барањата за брзи и точни информации за продуктите. GDSN мрежата им овозможува на трговските партнери, глобално да разменуваат податоци за продуктите преку автоматски и ефикасен начин.

    Во овој број Ве информираме за пет начини како да се подготвите за споделување на информациите за вашите продукти во 2016 година.