еИнфo
No25 - јули 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Комплетно решение за следење на пивските буриња

Вовед во Глобалниот Идентификатор на вид на документ

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Карактеристиките на нашиот тим се динамичноста, посветеноста, проактивниот однос кон членките, големата љубов и ентузијазам во нашите активности ( според пофалбите добиени од страна на високите претставници на Главната канцеларија на GS1 од Брисел кои го анализираа нашето работење при тридневниот престој месецов).

   За да ги потврдиме овие констатации, драги пријатели, читатели на нашето е-ИНФО, Ви подготвивме нови интересни информации кои ќе го задржат вашето внимание во овие пеколно жешки денови и турбулентни политичко-економски случувања.

    За сите институции и компании кои сакаат да си го олеснат и стандардизираат работењето при администрирањето со голем број документи, Ви нудиме GS1 Идентификационен клуч – едноставна алатка за идентификација на документи GDTI – Global Document Type Identifier (Глобален Идентификатор на вид на документ), кој ќе биде детално објаснет во овој број на нашето електронско списание. GDTI е едноставен систем за кодирање кој се користи за означување и идентификување на документи со речиси бесконечен капацитет. Со него може да се идентификуваат дури и следниве документи: имотен лист, даночно побарување, осигурителна полиса, испитни листови, испратница, фактура, пасош и др.

    Вториот дел од списанието сигурно ќе Ве заинтригира, бидејќи ќе прочитате за примената на глобалните GS1 стандарди кај масовно консумираниот освежител пијалак во жешкиве летни месеци – пивото и како со примена на стандардите може неговиот квалитет да се подобри. Имено, светските брендови во пивската индустрија обрнуваат големо внимание за следење на бурињата за транспорт на пивото, користејќи ја RFID технологијата, бидејќи покрај зачувување на квалитетот на пивото, можат да ги намалат и капиталните инвестиции во нови буриња за време на ударните периоди ( бурињата се поскапи од содржината во нив)!.

    Пријатни летни денови на одмор и релаксација.