Превземи PDF 

Содржина

40 годишнина

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета

GS1 Верификација на бар кодовите

Проверка на акредитација

Електронско аплицирање

 

Новости

Новиот 1WorldSync каталог

 

Теми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?  

 

Новoсти

Новиот 1WorldSync каталог
  
     На 5 септември 2012 година GS1 САД и GS1 Германија, двете најголеми организации членки во GS1 системот потпишаа договор за заедничка соработка со комбинирањето на 1SYNC и SA2 Worldsync каталозите, во заеднички каталог наречен 1WorldSync. CEO на GS1 Германија - Jörg Pretzel и CEO на GS1 САД – Bob Carpenter, дадоа заедничка изјава: “Сопствениците на брендовите и другите бизниси ќе добијат бенефити од оваа соработка, преку која се превзема улогата на водач во развојот и имплементацијата на решенијата за градење на подобро информиран свет. Споделувањето на информациите надвор од традиционалниот бизнис-со-бизнис модел игра важна улога за бизнисите и 1WorldSync е предводник во таа област.”

   Главниот извршен директор на 1WorldSync, Nihat Arkan, изјавил: “Ова е многу важно спојување на два таленти: 1WorldSync ги комбинира јачината на 1SYNC низ повеќе индустрии со глобалната проширеност и стратешко партнерство на SA2 WorldSync. 1WorldSync ја забрзува нашата визија за конзистентни, автентицирани податоци за производите со висок квалитет за успешно остварување на очекувањата на индустриите и потрошувачите.”

   Во иднина и нашите членки ќе имаат можност да станат дел од глобалното семејство на компании кои се вклучени во 1WorldSync.  
   
  Што е 1WorldSync?

• 1WorldSync e лидер во менаџирањето на глобални податоци за производите и решенијата за податочни базени сертифицирани од GS1 GDSN (GS1 Global Data Standardization Network).


Понудените решенија и услуги му дозволуваат на компаниите да споделуваат податоци на производите, на кои може да им се верува, меѓу компаниите и со потрошувачите.


• 1WorldSync
e заеднички проект на GS1 Германија и GS1 САД

Има повеќе од 15.000 потрошу-вачи во преку 40 земји


Каталог формиран со спојување на двата најголеми каталози во Европа SA2 WorldSync и САД 1SYNC.  

10 милионити производ
  
    На 10 септември 2012 година, GS1 објави дека во GS1 глобалниот регистар достигна 10 милиони производи. Кога GS1 ја започнал глобалната мрежа за сихронизирани податоци (GDSN) во октомври 2004, регистрирани биле само 74.000 производи, чии податоци биле споделени меѓу трговските партнери во 13 земји. Денес 25.000 компании учествуваат во издигнувањето на GDSN во “камен темелник” на дистрибутивните синџири во повеќе од 150 земји во различни индустриски сектори.         GS1 глобалниот регистар е “yellow pages” именик, кој што му дозволува на компаниите да ги лоцираат критичните информации за набавувачите и купувачите и да ги заменуваат стандардизираните податоци меѓу трговските партнери секаде во светот.   GS1 глобалниот регистар е клучна алатка во рамките на GS1 GDSN, која нуди моќна околина за сигурна и постојана синхронизација на точните податоци за производите во интернационалниот дистрибутивен синџир.  
   GDSN им дозволува на набавувачите и потрошувачите да знаат дека тие работат со точни и навремено ажурирани податоци во било која точка од дистрибутивниот синџир. Оваа можност ги олеснува и забрзува бизнис  процесите, ја подобрува точноста во    процесирањето на нарачките, го намалува бројот на формулари кои мора рачно да се пополнуваат, ја намалува редудантноста во системите и процесите, и најважно ги намалува трошоците.