еИнфo
No23 - мај 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Основи на EPC/RFID и EPCIS

Медицинскиот центар при универзитетот од Тенеси, безбедно ги мониторира материјалите во операционите сали преку корпите за отпадоци.

Дали да се имплементира реално временски локациски систем или не!

Основи на EPC/RFID и EPCIS

Електронски код на продукт / Радио фреквентна идентификација (EPC/RFID)

    Електронскиот код на продуктот или EPC, претставува мост меѓу GS1 бар код базираните идентификатори и се поатрактивната во светски рамки радио фреквентна идентификација. Видливоста овозможена во синџирот на снабдување преку имплементација на оваа EPC/RFID технологија за означување на продуктите е поточна, а следливоста е поголема. Оваа технологија овозможува идентификација на продукти, зачувување и читање на податоците за продуктите и на оддалеченост до 10 метри (без разлика дали продуктот е во видното поле на читачот или не), притоа се постигнуваат и брзини на читање и до 500 продукти во секунда. Сето ова носи бенефити за корисниците преку подобрена достапност на продуктите, зголемена брзина на проток на стоките низ синџирот на набавка и обезбеден квалитет на продуктите.

Како работи EPC/RFID

    Електронскиот код на продуктот е уникатен сериски број со кој што се означени продуктите во форма на мемориски чип. На меморискиот чип прикачена е радио антена кој го емитира EPC во форма на радио бранови до Радио Фреквентниот Идентификатор (RFID) читач кога тоа е побарано. Читачот може да биде рачен и истиот треба да биде во опсегот на домет на EPC тагот. Различните предмети во продавниците или магацините можат да ги попречуваат радио брановите, но за разлика од класичната бар код технологија, кај EPC/RFID технологијата нема потреба од директен контакт меѓу читачот и означениот продукт со EPC таг.

GS1 Каталог

    Електронскиот код на продуктот содржи богатство на информации за продуктот како, име на производител, земја на потекло, дата на употреба, информации за испраќачот и дестинацијата итн. Еднаш штом EPC тагот ќе се прочита од RFID читачот, податоците можат да се пратат до базата на податоци и истите да се споделат со трговските партнери.

Што е EPCIS?

    EPCIS е GS1 стандард што им овозможува на трговските партнери да споделуваат информации за физичкото движење и статусот на продуктите како што тие патуваат низ синџирот на снабдување – од еден до друг деловен партнер па во иднина и до крајниот корисник.

    Овој стандард помага во одговарањето на прашањата „Што, каде, кога и зошто“ прашања кои ги поставуваат корисниците и регулаторните тела за добивање на точни и детални информации за даден продукт.

Како работи EPCIS

    Нашите информациони сервиси за електронскиот код на продуктот (EPCIS) се базирани врз основ на следната генерација на бар код технологии. Исто како и бар кодовите, EPC овозможува продуктите и нивните производители да бидат електронски идентификувани. Една од поголемите предности на EPC, во однос на класичните бар кодови, е тоа што со оваа технологија се доделуваат уникатни сериски броеви на продуктот со што се овозможува вметнување и потоа читање на повеќе информации како, датум на производство, земја на потекло, лот број на продуктот и испорака. EPC во себе не носи никакви лични податоци за идентификација.

    Еднаш штом податоците од EPC се прочитани, истите може да се делат меѓу трговските партнери. Како резултат на тоа, производителите, шпедициите, магацините и продавачите се во можност да ја следат историјата и движењето на продуктите. Можно е да се идентификуваат продуктите и во случај кога истите се сместени еден до друг во палета или на полица.

GS1 Каталог