еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Ултра ДООЕЛ Скопје

Љубомир Христов,
Главен директор за технологии
“Како ИТ компанија секогаш сме ги поддржувале новите-тите и новите техно-логии. Пилот проектот во покровителство на GS1 Македонија се вклопува во нашата јасна визија за напредок и дополнување на нашите ERP решенија со светски признати GS1 стандарди за кодификација на производи и услуги.

  На барање на нашиот клиент ВЕРОПОЛУС ДОО, следејќи ги препораките на GS1 Македонија направивме проширување на постоечкиот информационен систем во супермар-кетите на ВЕРО и овозможивме следливост на производот до само наплатно место со можност за отповикување на истиот по лот или отповикување на производ со изминат рок.
  
   Наше согледување е дека GS1 DataBar-от и нуди на индустријата можност за трансформација на дистрибутивниот синџир за свежа храна со воведување на нов стандардизиран начин на идентификација на местото на наплата, а со тоа зголемена следливост и безбедност. Особено не радува дека сето ова заеднички сме го постигнале со нашиот клиент ВЕРО во неговиот синџир маркети.

  Препораката за прифаќање на GS1 Databar на место на наплата во Европската унија од 2014 година само ја потенцира потребата компаниите од прехранбената индустрија да започнат со размислувања и подготовки за потребните измени во нивните софтверски решенија, при што како една од водечките софтверски куќи во Република Македонија, ние комплетно подготвени им ја нудиме нашата експертиза и помош.”
        Профил на компанијата

  Ултра е една од водечките компании во делот на информатичките и комуникациските технологии во Република Македонија со широко портфолио на дизајн, развој и имплементација на комплексни ИКТ системи, како и услуги во сите фази на животниот циклус на еден ИКТ проект. Со повеќе од 25 години работно искуство и работа во областа, со огромен број на успешно реализирани проекти со различен обем, Ултра се наметнува како примарен избор за соработка, како во земјата така и во регионот.

   Од формирањето во 1988 година до денес, Ултра пионерски ги прави достапни најновите светски достигнувања во ИКТ сферата на сите заинтересирани клиенти во земјата. Помеѓу другото, вредно е да се напомене дека во 1995 година ја формира фирмата-ќерка Унет, која што е првиот интернет сервис провајдер во Република Македонија. Денес Ултра е еден од најголемите и најсериозни партнери на IBM и Oracle во Република Македонија.

   Професионалноста, сигурноста и квалитетот на Ултра се потврдени и со воведувањето на ISO 9001, 14001, 20000-1 и 27001 стадардите во работењето во изминатите години.

   Во иднина Ултра планира да продолжи со своите планови за проширување во нови области, како што се Cloud инфраструктура, развој на специјални хардверски и софтверски системи, имплементација на мобилна технологија, итн...