Остварена регионална соработка меѓу GS1 организациите

На 05.05.2014 година претставниците на GS1 Македонија остварија успешна работна посета на GS1 Хрватска, која е наш ментор. При тоа извршните директорки на двете организации, г-ѓа Клара Кариван и г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ се договорија за продлабочување на соработката во иднина и размена на материјали и искуства. Тимот од 10 вработени од GS1 Хрватска ги пренесоа нивните искуства за досегашното функционирање на GS1 Хрватска, кои се оценуваат за многу полезни. Разговаравме за теми кои се поврзани со деловното работење на GS1 организациите:

  • начинот на комуникација и контактирање со членките
  • видови на работилници и обуки кои се нудат на членките
  • Пилот проектите на кои работат двете организации
  • административните процедури при зачленување на нови членки
  • како и други активности поврзани со имплементирањето на GS1 стандардите во овие две држави.
sometext

Корисни линкови