GEPIR (GS1 Electronic Party Information Registry) е проект на Меѓународната асоцијација GS1 (Global Standard One) со седиште во Брисел, која управува со светскиот систем на стандарди за единствена идентификација и комуникација, те. овозможува размена на информации врзани за производите, транспортните единици, локациите и услугите. Асоцијацијата ги проектира, развива и оддржува стандардите за мулти-секторската идентификација, бар кодирањето и интернационалната електронска размена на податоците. Тоа се глобални, мулти-секторски стандарди кои што обезбедуваат заеднички јазик во меѓународнота трговија. Главната активност на Меѓународната асоцијација GS1 е развој на GS1 системот низ координирано работење со своите членки, националните организации, кои се формирани во над 140 земји, со преку 1.000.000 компании. GS1 Македонија е една од националните организации на меѓународното семејство на GS1 со преку 1.100 фирми-членки и од 1 ноември 2006 година активно се вклучи во реализација на проектот GEPIR. ... (Повеќе)