Покана за учество на Семинар: “Со GS1 стандардите за СЛЕДЛИВОСТ -од законска обврска до практична примена”
06.10.2011, во 10:00 часот Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4 ул.”Димитрие Чуповски” 13 – Скопје
Почитувани,
Следејќи ги Вашите потреби, почитувани членки на GS1 Македонија, а воедно и на пошироката македонска бизнис заедница за дополнителна едукација во поглед на спроведување на процесот на Следливост, Вашата Асоцијација за GS1 стандарди GS1 Македонија го организира овој едукациско-информативен настан.
Ве покануваме на еднодневен семинар, на кој, покрај едукацискиот дел неопходен за правилна примена на GS1 системот на стандарди, ќе биде обработена и практичната примена на меѓународните GS1 стандарди во синџирот на снабдување и обезбедување на принципот на следливост. Тоа е можност да се стекнете со основни или да ги продлабочите Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста и профитабилноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис.
Со гордост Ве известуваме дека успеавме за предавач да обезбедиме врвен експерт, г-дин Слободан Ромац, менаџер на Проектот Traceability во GS1 in Europe, Project Manager Traceability coordinator in Europe, вработен како раководител на проекти во GS1 Хрватска. Г-дин Ромац во светски рамки е еден од неколкутемина акредитирани ревизори за спроведување на процесот на Следливост.
Законска обврска за спроведување на Следливост е воспоставена во Европа во 2002 година со Законот за храна (EU Food Law EC No.178/2002), а во Република Македонија во 2010 година, со Законот за безбедност на храната за животни (Сл.весник на РМ бр.145/2010) и Законот за безбедност на храната ( Сл.весник бр.157/2010).
За да се може да се реализира следење долж вкупниот синџир на снабдување (од производство на семе, различни материјали и амбалажи, преку примарно производство, преработка, транспорт, големопродажба до малопродажба), мора да се користат единствени, меѓународни GS1 стандарди.
Најголемиот бенефит од примената на следливоста е лоцирање на неисправна или небезбедна храна, храна за животни, фармацевтски или други производи, со цел нивно брзо отстранување од продажба. Благодарение на брзото и лесно повлекување на посочените единици или групи на единици, може да се спасат животи, да се намалат негативните економски последици и трошоците, да се сочува довербата на потрошувачите во квалитетот на нивните омилени брендови, како и довербата во системите кои се проектирани да ја штитат нивната безбедност. Системот на следливост е најсилната алатка во борбата против фалсификувањето на производите и за заштита на брендот.
Сигурни сме дека ќе ја искористите оваа исклучителната можност за дополнителна едукација на Вашите вработени, за да одговорите на законските обврски и обезбедите следливоста во Вашето деловно работење.
Семинарот е наменет за сите учесници во синџирот на снабдување (особено производители и дистрибутери на прехранбени производи), за менаџментот, за секторите на информатика и означување со баркодовите, секторите за квалитет, HACCP менаџерите, секторите за логистика и транспорт, како и на независните софтверски куќи и ИТ експертите.
Учеството на семинарот за акредитираните членки на GS1 Македонија (кои навремено ги регулирале обврските по основ на членарина и можат на веб сајтот да ја пронајдат својата фирма во “Список на Акредитирани членки”), како и за сите министерства и органите на Владата е бесплатно.
За сите останати заинтересирани компании кои се уште не се членки на GS1 Македонија котизацијата е 3,000.00 денари (не се наплатува ДДВ). Уплата на жиро сметка број 200002024739774, депонент Стопанска банка АД-Скопје, најдоцна до 5 октомври 2011.
Со почит,
Директор на GS1 Македонија Слаѓана Милутиновиќ
Прилог: - Пријавен лист - Агенда
Напомена: Списокот на Акредитирани членки поставен на http://www.gs1mk.org.mk/Производиирешенија/Акредитација/Акредитираничленки