Logo: GS1 - The global language of business
 
|
English  Македонски  Shqipe
Дома | GS1 Global Office | GS1 Local Offices | Saturday, May 19, 2012
GS1 is a leading global organisation dedicated to the design and implementation of global standards and solutions to improve efficiencey and visibility in supply and demand chains globally and across sectors.
Производи и решенија * Акредитација

АКРЕДИТАЦИЈА

Вовед

Современити услови на работење, интерактивниот однос на учесниците во пазарната конкуренција и борбата за афирмација и опстанок на пазарот бараат секојдневно донесување на нови стратешки одлуки и нивна адекватна оперативна имплементација.

Квалитетен систем на Акредитација подразбира редовно ажурирање и достапност на целосни прецизни информации за цертифицирано деловно користење, во национални и меѓународни рамки, на доделените компаниски префикси - Единствени матични GS1 броеви (GS1ЕМБ) на членките на GS1 Македонија   како основа за легално и стандардизирано баркодирање на нејзините производи и услуги, формирање на глобалните локациски броеви (GLN) и регистерот на Глобалните броеви на трговските производи и услуги GTIN (Global Trade Item Number).

Цертифицирана акредитацијата е доказ за бонитетот на фирмата во Меѓународниот GS1 систем и правилната имплементација на стандардите на GS1 системот во сите негови сегменти.

Право на цертифицирана акредитација во GS1 системот   GS1 Македонија, GS1 in Europe и Мегународната GS1 Организација   имаат сите членки на GS1 Македонија, освен оние кои се во стечај или ликвидација, со непријавена статусна промена во задните две години, односно со неподмирени или нередовно подмирени обврски кон GS1 Македонија по основ на членарина.


Основ

Системот за акредитација е воспоставен во 2006 година, со Одлука на Управниот одбор на GS1 Македонија (бр.47-13/9  од 02.04.2006). Со воспоставување на Регистарот на Акредитирани фирми и негово објавување на web страната на GS1 Македонија, реализирана е значителна интеграција и стандардизација на податоците во GS1 Македонија. Паралелно со тоа се одвива и процесот на истакнување на значајот и промоција на улогата на Акредитацијата за членките на GS1 Македонија.

Визија

Да се изгради модерен и ефикасен систем на рејтингот ('scoring') како оценка на способноста на членките на GS1 Македонија во подмирувањето на своите обврски, кој заедно со другите мерки на економската политика на Владата на Република Македонија, треба да придонесе за создавање на мултидимензионален систем на вреднување на финансиско-стопанските перформанси на стопанските субјекти - членки на GS1 Македонија, намалување на системскиот ризик, хармонизација и стандардизација на деловното работење на македонската бизнис заедница во актуелните интеграциони процеси кон ЕУ и НАТО.


Мисија

Цертифицираната акредитација  на членките на GS1 Македонија е оценка на способноста на фирмата за подмирување на своите обврски по основ на членството и право на легално користењето на GS1 ЕМБ во национални и меѓународни рамки. Имајќи предвид  дека за добра пазарна репутација е неопходно донесување бројни деловни одлуки, цертифицираното акредитирано членување во GS1 системот е значителен показател и поддршка во изборот на деловниот партнер и следењето на конкурентските компании, односно промоција на сопствените деловни квалитети и потврда на успешноста и рејтингот во националната и мегународната бизнис заедница.


Цели

Системот на Цертифицирана акредитацијата треба да придонесе за:

• Воведување на нов модел за утврдување и промоција на успешноста и деловната етика на фирмите;
• Легално, и во согласност со важечките меѓународни стандарди од областа, униформно и еднозначно баркодирање на производите и услугите;
• Промоција на успешните фирми заслужни за развојот и имплементацијата на GS1 системот во Република Македонија;
• Зголемен рејтинг на компаниите членки на GS1 Македонија;
• Диференцијација и градација на членките на GS1 Македонија според рејтингот;
• Намалување на деловниот ризик, порационално и попродуктивно работење во производството и трговијата;
• Зголемена национална и меѓународна конкурентност на акредитираните фирми-членки на GS1 Македонија;
• Јакнење на информираноста на стопанските субјекти;
• Намалување на ризикот и јакнење на сигурноста во дистрибутивниот синџир;
• Заштита од фалсификување и/или неовластено користење на GS1 компаниските префикси за баркодирање;
• Зголемена заштита  на брендот   интелектуалната сопственост;
• Намалување на сивата економија;
• Формирање на GTIN регистар за цертифицирани македонски трговски производи и услуги;
• Навремено и точно ажурирање на GEPIR базата на податоци.

 

 

    Print