Конституирање на GS1 Македонија
Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за започнување на активностите за организационо усогласување на работата на GS1 Македонија со Меѓународната асоцијација GS1, бр.08 4834/10 од 13.12.2005 година, а согласно член 19 од Статутот на Стопанската комора на Македонија, претседателот на Стопанската комора на Македонија г-дин Бранко Азески свика Конститутивна седница на Генералното собрание на GS1 Македонија на 16.01.2006 година, на која Собранието на GS1 Македонија ги донесе следните документи и одлуки:
- ЗАПИСНИК од Конститутивната седница на Генералното собрание на GS1 Македонија, бр.10-49/2; - ОДЛУКА за избор на членови на Собранието на GS1 Македонија, бр.10-49/3; - ОДЛУКА за избор на претседател на Собранието на GS1 Македонија, бр.10-49/4; - ОДЛУКА за донесување на Статутот на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, бр.10-49/5; - СТАТУТ на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, бр.10-49/5; - ОДЛУКА за промена на името на ЕАН Македонија (ЕАН МАК) во GS1 Македонија бр.10-49/6; - ОДЛУКА за избор на членови на Управниот одбор на GS1 Македонија,бр.10-49/7; - ОДЛУКА за донесување на Програмаta на активности на GS1 Македонија во 2006 година, бр.10-49/08; - ПРОГРАМА на активности на GS1 Македонија во 2006 година, бр.10-49/08; - ОДЛУКА за усвојување Финансиски план на GS1 Македонија за 2006 година, бр.10-49/9;
Постапувајќи по горенаведевите донесени одлуки на Собранието на GS1 Македонија, на 16.01.2006 година и Управниот одбор на GS1 Македонија ја одржа својата I-ва седница на која ги донесе селните документи и одлуки:
- ЗАПИСНИК од I-та седница на Управниот одбор на GS1 Македонија, бр.10-49/10; - ОДЛУКА за избор на директор на GS1 Македонија, бр.10-49/11; - ОДЛУКА за утврдување на висината на пристапнината и членарината на GS1 Македонија за 2006 година, бр.10-49/12.
Донесени одлуки од Управниот одбор на GS1 Македонија
Управниот одбор на GS1 Македонија на седницата одржана на 07.03.2006 година ја донесе следната одлука:
- ОДЛУКА за измена на Одлуката за утврдување на висината на пристапнината и членарината во GS1 Македонија за 2006 година, бр.47-52/1.
Управниот одбор на GS1 Македонија на седницата одржана на 21.10.2010 година ја донесе следната одлука:
- ОДЛУКА за измена на Одлуката за утврдување на висината на пристапнината и членарината во GS1 Македонија за 2011 година, бр.228/5.
Управниот одбор на GS1 Македонија на седницата одржана на 15.09.2011 година ја донесе следната одлука:
- ОДЛУКА за утврдување на висината на пристапнината, членарината и надоместокот за користење на GS1 бројот за 2012 година, бр.317/2.