Register
|
Login
English
Македонски
Shqipe
Дома
|
GS1 Global Office
|
GS1 Local Offices
|
понеделник, 06 февруари 2012
Услуги
Конференции
Free SixxacMenu module license
За нас
Корисни алатки
Производи и решенија
Услуги
Обуки
Публикации
Консултации
GEPIR
Конференции
Настани
Семинари
Сектори
Download
Q&A
Контакти
Search
GS1 Global Forum 2009 во Брисел - ПРИМЕНАТА НА СВЕТСКИТЕ GS1 СТАНДАРДИ ВО НОВИ СЕКТОРИ
GS1 Македонија во рамките на своите меѓународни активности учествуваше на Глобалниот Форум одржан 16 до 20 февруари 2009 година во Брисел, во организација на Меѓународната GS1 организација, на којшто присуствуваа околу 520 претставници на националните GS1 организации од целиот свет, како и претставници на корисниците на GS1 системот и претставниците на фирмите кои помагаат при имплементацијата на GS1 системот (solutions providers).
Целите на Форумот беа:
• овластените претставници на GS1 системот да се запознаат и да остварат директни контакти на глобално ниво;
• да се информира глобалната GS1 заедница за најновите достигнувања на GS1 системот и за проширувањата на примената на светските GS1 стандарди во нови сектори;
• националните организации да ја зголемат својата инвентивност за побрз развој на својата организација и поефикасно да ги задоволат потребите на своите членки;
• да се разменат постојните и да се стекнат нови искуства за да може адекватно, успешно и координирано на глобално ниво да се имплементира GS1 системот на националните нивоа;
• да се обезбеди ефективно поврзување на членките на GS1 системот;
• да се информираат членките на GS1 системот за активностите во изминатата година и да се запознаат со стратегиските планови и приоритети за наредната година.
Работата на Форумот се одвиваше во текот на претпладневните и попладневните пленарни и тематски сесии во хотелот "Crown Plaza Hotel", Брисел.
GS1 Македонија оствари контакти и стручна размена на искуства со: главните раководители на GS1, oдговорните лица на одделните сектори на GS1 Global Office, со претставници на GS1 организации од голем број земји од Европа и светот, како и од соседните земји, кои се оценуваат за исклучително полезни.
Договорено е продолжување на успешно започнатата реализација на менторинг-програмата со GS1 Италија, како и презентација на искуствата на GS1 од Србија, Хрватска, Словенија на македонската бизнис-заедница во вид на едукативни семинари, со цел пренесување на нивните искуства и презентирање на најновите достигнувања.
Договорено е доставување на стручни изданија од областа на системот и потребна помош во насока на едукација на членките на GS1 Македонија со неколку земји-членки на GS1.
Остварена е понатамошна меѓународна афирмирација на GS1 Македонија со вклучување на Системот на цертифицирана акредитација во Меѓународниот проект за борба против фалсификати и неовластено користење на GS1 броевите за баркодирање и вклучување на директорот на GS1 Македонија во работниот тим.
Слаѓана Милутиновиќ
© Copyright Семос 2008