Logo: GS1 - The global language of business
 
|
English  Македонски Shqipe
Дома | GS1 Global Office | GS1 Local Offices | 2010-09-10
GS1 is a leading global organisation dedicated to the design and implementation of global standards and solutions to improve efficiencey and visibility in supply and demand chains globally and across sectors.
За нас
Вести
Нова тренинг обука за Следливост (Traceability-Track and Trace)

Поради големиот интерес за темата Следливост , GS1 Македонија излегува во пресрет на Вашите деловни потреби и организира нова ексклузивна тренинг обука со најголемиот европски експерт за Traceability, г-дин Слободан Ромац, менаџер на Проектот Traceability  во GS1 in Europe.....

  повеќе...

Семинар „GS1 стандарди во функција на следливост (Traceability – Track and Trace) ”


МУЛТИСЕКТОРСКАТА ПРИМЕНА НА GS1 СТАНДАРДИТЕ - АЛАТКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАЛСИФИКАТИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ПАЦИЕНТИТЕ


„ GS1 стандарди во функција на следливост (Traceability – Track and Trace) ” беше темата на семинарот што Асоцијацијата за GS1 стандарди - GS1 Македонија во соработка со GS1 Србија, на 10 јуни 2010 година, го одржа во Стопанската комора на Македонија. Тоа е прв едукативен семинар на оваа тема во Република Македонија.

  повеќе...

ПОВИК ДО ЧЛЕНКИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА СЛЕДЛИВОСТ НА 10 ЈУНИ 2010

Вашата Асоцијација  за GS1 стандарди GS1 Македонија на 10.06.2010 во 10 :30 30 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе одджи семинар “Меѓународни GS1 стандарди во функција на следливоста”.
За прв пат во Република Македонија  ќе имате можност за презентација на практичната примена  на меѓународните GS1 стандарди во синџирот на снабдување и обезбедување на принципот на следливост, со цел  зголемување на конкурентноста и профитабилноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис.

  повеќе...

GS1 Global Forum 2010 во Брисел-GS1 ОРГАНИЗАЦИИ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ВИЗИЈА

GS1 Македонија учествуваше на Глобалниот Форум одржан 22-26 февруари 2010 во Брисел, во организација на Меѓународната GS1 организација, на кој присуствуваа околу 500 претставници на националните GS1 организации од целиот свет, како и претставници на корисниците на GS1 системот и претставниците на фирмите вклучени во имплементацијата на  GS1 системот (solutions providers). 

  повеќе...

ЧЛЕНКИТЕ НА ГС1 МАКЕДОНИЈА ГИ ПРИФАТИЈА И ПОДДРЖАА СТАТУСНИТЕ ПРОМЕНИ

Првото Генерално собрание на GS1 Македонија, на коешто членките ги официјализираа статусните промени и основањето на правниот субјект GS1 Македонија, се одржа на 21.12. 2009 година.

  повеќе...

ПОВИК ДО ЧЛЕНКИТЕ НА GS1 МАКЕДОНИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА 21.12.2009

Почитувани членки на ГС1 Македонија, Ве известуваме дека право на учество во работата на Генералното Собрание и донесување на одлуки имаат исклучиво членките на ГС1 Македонија кои навремено ги подмириле своите обврски по основ на членарина, кои ги почитувале правилата на работа на Асоцијацијата уредени со Статутот и кои навремено го пријавиле своето учество.

  повеќе...

Семинар „Со GS1 стандардите до информатички здравствен систем”

Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија во соработка со GS1 Србија, на 12 јуни 2009 година, во Стопанската комора на Македонија одржа семинар „Со GS1 стандардите до информатички здравствен систем”.

  повеќе...

Одржана седница на Управен одбор и Генерално Собрание 2009 на GS1 Македонија

   Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, на 2.4. 2009 година,  ја одржа 5. - та  седница на Управниот одбор и 4.-та седница на Генералното Собрание на коишто беа сумирани резултатите постигнати во 2008 година и презентирани програмските активности за годинава.
Доминантните активности на GS1 Македонија во изминатата година беа насочени кон: реализација на проектот Акредитација и GEPIR; Национална и меѓународна афирмација, презентирање и промоција на GS1 Македонија  и  тековна работа со членките.

  повеќе...

GS1 Global Forum 2009 во Брисел - ПРИМЕНАТА НА СВЕТСКИТЕ GS1 СТАНДАРДИ ВО НОВИ СЕКТОРИ

GS1 Македонија во рамките на своите меѓународни активности учествуваше на Глобалниот Форум одржан 16 до 20 февруари 2009 година во Брисел, во организација на Меѓународната GS1 организација, на којшто присуствуваа околу 520 претставници на националните GS1 организации од целиот свет, како и претставници на корисниците на GS1 системот и претставниците на фирмите кои помагаат при имплементацијата на  GS1 системот (solutions providers).

  повеќе...

GS1 Македонија на Форум во Париз, - МЕЃУНАРОДНА ВЕРИФИКАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

Европската GS1 организација во рамките на своите редовни годишни активности организираше Форум (15-16.10.2008 година, Париз), на којшто учествуваа околу 250 GS1 делегати (менаџментот на националните GS1 организации, корисници на  GS1 системот и „solution providers“ ) од 44 европски земји-членки на GS1 во Европа.
GS1 Македонија го презентираше својот модел „Македонски систем на цертифицирана акредитација“, кој имаше и претходна светска промоција со објавувањето на веб-порталот на Меѓународната GS1 организација, заземајќи ударно место меѓу селектираните топ 10 најексклузивни новости од светот.

  повеќе...

    Print