Поради големиот интерес за темата Следливост , GS1 Македонија излегува во пресрет на Вашите деловни потреби и организира нова ексклузивна тренинг обука со најголемиот европски експерт за Traceability, г-дин Слободан Ромац, менаџер на Проектот Traceability во GS1 in Europe.....
МУЛТИСЕКТОРСКАТА ПРИМЕНА НА GS1 СТАНДАРДИТЕ - АЛАТКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАЛСИФИКАТИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ПАЦИЕНТИТЕ
„ GS1 стандарди во функција на следливост (Traceability – Track and Trace) ” беше темата на семинарот што Асоцијацијата за GS1 стандарди - GS1 Македонија во соработка со GS1 Србија, на 10 јуни 2010 година, го одржа во Стопанската комора на Македонија. Тоа е прв едукативен семинар на оваа тема во Република Македонија.
Вашата Асоцијација за GS1 стандарди GS1 Македонија на 10.06.2010 во 10 :30 30 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе одджи семинар “Меѓународни GS1 стандарди во функција на следливоста”. За прв пат во Република Македонија ќе имате можност за презентација на практичната примена на меѓународните GS1 стандарди во синџирот на снабдување и обезбедување на принципот на следливост, со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис.
GS1 Македонија учествуваше на Глобалниот Форум одржан 22-26 февруари 2010 во Брисел, во организација на Меѓународната GS1 организација, на кој присуствуваа околу 500 претставници на националните GS1 организации од целиот свет, како и претставници на корисниците на GS1 системот и претставниците на фирмите вклучени во имплементацијата на GS1 системот (solutions providers).
Првото Генерално собрание на GS1 Македонија, на коешто членките ги официјализираа статусните промени и основањето на правниот субјект GS1 Македонија, се одржа на 21.12. 2009 година.
Почитувани членки на ГС1 Македонија, Ве известуваме дека право на учество во работата на Генералното Собрание и донесување на одлуки имаат исклучиво членките на ГС1 Македонија кои навремено ги подмириле своите обврски по основ на членарина, кои ги почитувале правилата на работа на Асоцијацијата уредени со Статутот и кои навремено го пријавиле своето учество.
Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија во соработка со GS1 Србија, на 12 јуни 2009 година, во Стопанската комора на Македонија одржа семинар „Со GS1 стандардите до информатички здравствен систем”.
Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, на 2.4. 2009 година, ја одржа 5. - та седница на Управниот одбор и 4.-та седница на Генералното Собрание на коишто беа сумирани резултатите постигнати во 2008 година и презентирани програмските активности за годинава. Доминантните активности на GS1 Македонија во изминатата година беа насочени кон: реализација на проектот Акредитација и GEPIR; Национална и меѓународна афирмација, презентирање и промоција на GS1 Македонија и тековна работа со членките.
GS1 Македонија во рамките на своите меѓународни активности учествуваше на Глобалниот Форум одржан 16 до 20 февруари 2009 година во Брисел, во организација на Меѓународната GS1 организација, на којшто присуствуваа околу 520 претставници на националните GS1 организации од целиот свет, како и претставници на корисниците на GS1 системот и претставниците на фирмите кои помагаат при имплементацијата на GS1 системот (solutions providers).
Европската GS1 организација во рамките на своите редовни годишни активности организираше Форум (15-16.10.2008 година, Париз), на којшто учествуваа околу 250 GS1 делегати (менаџментот на националните GS1 организации, корисници на GS1 системот и „solution providers“ ) од 44 европски земји-членки на GS1 во Европа. GS1 Македонија го презентираше својот модел „Македонски систем на цертифицирана акредитација“, кој имаше и претходна светска промоција со објавувањето на веб-порталот на Меѓународната GS1 организација, заземајќи ударно место меѓу селектираните топ 10 најексклузивни новости од светот.