Logo: GS1 - The global language of business
 
|
English  Македонски  Shqipe
Дома | GS1 Global Office | GS1 Local Offices | Thursday, February 23, 2012
GS1 is a leading global organisation dedicated to the design and implementation of global standards and solutions to improve efficiencey and visibility in supply and demand chains globally and across sectors.
За нас * International GS1
Меѓународна GS1
МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА GS1

GS1 (Global Standard One) е доброволна, непрофитна и деловно неутрална меѓународна организација со седиште во Брисел (Белгија) и Принстон, Њу Џерси (САД). Во GS1 членуваат 104 национални и регионални GS1 организации од над 140 земји. Мисијата на GS1 е да има водечка улога во проектирањето и имплементацијата на глобалните стандарди за подобрување на синџирот на понуда и побарувачка. Улогата на GS1 е да развива глобални, отворени и мултисекторски стандарди, тренира и образува, ги промовира GS1 стандардите и помага при нивната имплемантација и создава услови за ефикасна примена на најдобрите деловни решенија во сите сектори и низ целиот свет. Основната стратешка определба на GS1 е во светски рамки да биде водечка (број ЕДЕН) организација за стандардизација на менаџментот на синџирот на понудата и побарувачката. GS1 е целосно интегрирана глобална организација во доменот на креирање и имплементација на глобалните стандарди и глобалните решенија за управување и подобрување на ефикасноста на синџирот на снабдување на глобално и меѓусекторско ниво. Формирана е во 2004 година со здружување на EAN International и Советот за униформно кодирање (Uniform Code Council, Inc. – UCC) организации со повеќе од 30 годишно искуство во областа на стандардизацијата, автоматизацијата и оптимализацијата на ефикасноста на синџирот на снабдувањето. GS1 (Global Standard One) организацијата е правен наследник на EAN International. Акронимот GS1 означува и потенцира организација која зазема ПРВО место во поврзувањето на меѓународната трговија со примена на ЕДЕН глобален систем на отворени стандарди, односно е симбол на слоганот: << ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ГЛОБАЛЕН ЈАЗИК НА БИЗНИСОТ >> кој подразбира: - ЕДЕН глобален систем - ЕДЕН глобален Стандард - ЕДНО глобално решение - Број ЕДЕН организација за стандардизација - Унификација на трговијата со ЕДЕН глобален систем на отворени стандарди. Портфолиото на GS1 нуди различни производи, решенија и технологии, вклучувајки го и GS1 Системот на стандарди – најшироко користениот систем на стандарди во светот. Палетата на активностите на GS1 портфолиото опфаќа од GS1 баркодови и GS1 e-com (електронски трговски алатки), до следна генерација на напредни технологии и решениа како што се GS1 GDSN (синхронизација на податоци), EPC global (користење на RFID технологии), и др. GS1 производите и решенијата овозможуваат на милиони компании од преку 140 земји да извршуваат 5-10 милијарди трансакции днево. GS1 е активна во повеќе од 20 сектори и индустриски гранки, од производство, трговија на големо и мало, преку здравствена заштита, транспорт и логистика до одбрана. GS1 нуди широк избор на услуги како што се помош во деловното работење, користење на стандарди и технологии, вклучувајки обука, сертификација и техничка подршка. GS1, низ својата мрежа од 104 национални и регионални GS1 организации од над 140 земји во кои членуваат повеќе од 1,000,000 компании од сите големини и коишто располагаат со над 95% од вкупниот светски економски потенцијал, активно влијае врз сите аспекти на функционирањето на светскиот синџир на снабдување. Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - EAN MAK од 1994 година е членка и ексклузивен претставник на македонските компании во EAN International. Согласно измените извршени на меѓународно ниво во 2004 година, од 16.01.2006 година Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите функционира под име GS1 Македонија со Статут и Програма на активности усогласени со Статутот, Програмата и другите акти со кои се дефинирани стратешките цели на GS1.

    Print