Logo: GS1 - The global language of business
 
|
English Македонски  Shqipe
Дома | GS1 Global Office | GS1 Local Offices | понеделник, 06 февруари 2012
GS1 is a leading global organisation dedicated to the design and implementation of global standards and solutions to improve efficiencey and visibility in supply and demand chains globally and across sectors.
За нас * За нас * Станете членка
   
  
ПРЕДНОСТИ ОД ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО GS1 МАКЕДОНИЈА И GS1

        Со зачленувањето во GS1 Македонија македонските фирми добиваат сопствен, Единствен Матичен број (GS1 ЕМБ), со кој што фирмата и нејзините производи се идентификуваат во домашниот и светскиот трговски синџир, со што го трасираат патот за полесен пристап на домашниот и на странските пазари.
        Зачленувањето во GS1 Македонија и добивањето свој Единствен Матичен GS1 број за  баркодирање станува неопходно за сите македонски фирми, бидејќи трговијата не  може да ја прифати стоката што нема GS1 број и симбол.
        Во GS1 Македонија  членуваат над 1,200 македонски фирми, со тенденција на постојано зголемување на нивниот број. Основните податоци за фирмата и доделениот GS1 број од страна на GS1 Македонија се внесуваат во Меѓународниот електронски каталог GEPIR. Фирмата членка  автоматски станува дел од меѓународното семејство од над еден милион фирми членки на GS1 системот и се создаваат услови за нивни меѓусебни бизнис контакти и реализација на бизнис зделки, покрај бесплатната светска промоција и реклама. 

         Фирмата со сопствен бар код се етаблира во домашната и светска бизнис заедница како фирма која води сметка за својот имиџ и за интернационална препознатливост на својот бренд, покажува отвореност и достапност за соработка. 
         Со зачленувањето во GS1 Македонија фирмата се стекнува со право да ги користи погодностите на  GS1 системот и да ги применува GS1 стандардите во своето работење; се создаваат услови да врши автоматска идентификација на производите и услугите; да  користи  електронска техника за внесување и  пренесување на податоци; да ги користи современите информациони и деловни комуникациски системи во бизнис работењето и да го следи патот на својот производ низ севкупниот дистрибуционен синџир, се’ до крајниот потрошувач (traceability).
         Најважен бенефит од користењето на GS1 системот е развојот на фирмата преку електронското работење. Електронската комерција, како најсовремен начин на трговија со производи и услуги по електронски пат, овозможува поширок пласман на производите, подобар квалитет на услугите, скратено време на циклусот во размената, создавање нови вредности, зголемување на конкурентноста.

 
         Со бар кодирањето на своите артикли фирмите се стекнуваат и со низа други погодности што придонесуваат за подобрување на процесот на работење и за зголемување на  ефикасноста во работењето:

        -артиклите се опремуваат и се оспособуваат за извоз, како и за трговските објекти  во целиот свет што се опремени со електронска    скенинг-опрема;
        -се зголемува брзината и точноста во преносот на информациите;
        -информациите се ажурни, точни и достапни во секое време;
        -се подобрува контролата на протокот на информациите;
        -се подобрува контролата на дистрибуцијата на стоките, бидејќи постои запис за секоја продажба;
        -се подобрува контролата на процесот на производство, бидејќи постои запис за состојбата на залихите, што придонесува за  намалување на трошоците за залихите;
        -се зголемува информираноста за тоа која стока е потребна, каде и кога;
        -компанијата може да ги разликува добрите од лошите купувачи;
        -се поедноставува процесот на порачка на артиклите;
        -се зголемува брзината на испораката на артиклите;
        -се намалува потребниот простор за сместување на артиклите;
        -се намалуваат инвестициите за сигурносните залихи;
        -се намалуваат залихите;
        -се намалуваат трошоците на администрацијата, бидејќи се намалува работата во администрирањето и папирологијата, се намалува просторот за документацијата;
        -се намалуваат грешките во администрирањето и дистрибуирањето на производите;
        -се подобрува системот на работењето и се зголемува ефикасноста;
        -со поголема ефикасност се намалуваат цените;
        -се зголемува продажбата;
        -се создава нова вредност и остварува поголем профит.
  

          На крај, но не последна предност од зачленувањето во GS1 Македонија и добивање сопствен GS1 број за баркодирање на производите и услугите е фактот што без него, ниту еден производ не може да влезе на пазарот на Европската Унија, ниту една фирма не може да учествува на тендерите за набавките на НАТО, на што има право без оглед да ли е земјата членка на НАТО алијансата. Фирмите членки на GS1 Македонија се активни учесници во остварувањето на приоритетната задача на нашата земја - приспособување на економијата согласно европските стандарди и критериуми.