Процедурални чекори: - искажување интерес за членување во GS1 Македонија и пополнување и достава на Пристапница и на GS1-01 Анкетен формулар; - информирање за Меѓународната GS1 организација и Статутот на GS1 Македонија, и прифаќање на неговите одредби; - уплата на пристапнина и членарина; - обезбедување увид во релевантна документација; и - потпишување Договор за членување во GS1 Македонија. По регулирањето на наведените формалности на членката и се издава РЕШЕНИЕ со кое и се доделува Единствен Матичен GS1 број. Зачленувањето се изведедува: - Со непосреден контакт со стручната служба на GS1 Македонија; - Преку пошта/факс; или - Е-комуникација. ВАЖНО: Доколку Договорот се потпишува во просториите на GS1 Македонија, застапникот на членката мора со себе да има печат и штембил, а доколку истиот не е управител, и соодветни овластувања. На увид треба да се донесе или достави: - Решение од Централниот регистар на Република Македонија - оригинал или копија заверена кај нотар До колку потенцијалната членка не го поседува наведеното Решение треба да донесе , или достави , оригинали или копии заверени кај нотар на следните документи: - Решение од судот за упис во Трговскиот регистар; - Решение од Заводот за статистика на Република Македонија; - Решение од Управа за јавни приходи за упис во Регистарот на обврзници за ДДВ; и, o доказ за поседување на жиро сметка. По извршениот увид и верификација на податоците презентирани во Пристапницата и GS1-01 Анкетниот формулар сите документи се враќаат.